Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

ВТОР „ФЕСТИВАЛ НА ВИНОТО“ ВО МАКЕДОНСКО СЕЛО

Од 29-ти Септември до 1-ви Октомври во комплексот Македонско село, по втор пат се оддржа настанот „Фестивал на виното“. За време на трите фестивалските дена, комплексот беше место каде гостите можеа повторно да уживаат во врвните вина од најдобрите винарии, искомбинирани со вкусни специјалитети и деликатеси  и богатата музичка програма во единствениот и автентичен амбиент на комплексот.

Меѓу винариите кои се претставија на овогодинешниот Фестивал на виното беа Тиквеш, Камник, Сковин. Бовин, Сопот, Стоби и Лозар.

Вториот Фестивал на винотот го отворија Boris & The Band, Нокаут, Игор Џамбазов, Гуру Харе бенд и Дарио. Втората фестивалска вечер публиката ја забавуваа Чалгија соунд систем, Лидија Кочовска и Тамара Тодевска а последниот ден, честа да го затворат фестивалот им припадна на групите Љубојна и Табиет.

Една од примарните цели поради на ваквиот тип на настани е желбата за придонес во афирмацијата на винската култура во Македонија,  развој и негување на култот кон виното и претставување и промоција на квалитетни вина од најдобрите винарии во Македонија.