Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Винотека во Македонско село

Автентично македонска, винотеката во Комплексот Македонско село е израз на древниот македонски дух, традиции и тло. Соединување на традициите и посебно избраните вкусови на вина на едно место…

На 14-ти Април 2017, Винотеката во комплексот Македонско село, официјално започна со работа. Одсега, сите страсни љубители на чаша добро вино, во винотеката на Македонското село ќе имаат можност да ги дегустираат, купат и научат нешто повеќе за најубавите вина од различни краеви на светот, кои се надалеку познати по својот врвен квалитет.