Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Фестивал на Македонско вино

Од 20-ти до 23-ти Октомври, комплексот Македонско Село беше домаќин на првиот “Фестивал на македонското вино ”. Во текот на четирите фестивалски денови, гостите на настанот имаа можност да уживаат во уникатниот вкус на најубавите македонски вина, вкусната храна и звуците на македонската музика во пријатен, топол и традиционален амбиент.

Атмосферата на фестивалот беше надополнета со богата музичка програма на која се најдоа звучни имиња од македонската сцена, кои на задоволство на бројната публика ги пееа најубавите македонски песни. За доживувањето да биде комплетно, многубројните посетители истовремено имаа прилика да бидат дел од уникатниот етно амбиент на комплексот и да уживаат во прекрасниот панорамски поглед на Скопје и чистиот планински воздух.

Целта на “Фестивалот на македонското вино” е афирмација на винската култура во Македонија, развој и негување на култот кон виното, претставување и промоција на најдобрите македонски винарии, надополнето со голем број вкусни специјалитети и деликатеси и богата музичка програма.