Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Велигден во Македонско село

Од 15-ти до 17-ти Април, за време на Велигденските празници, во комплексот Македонско село беа организирани повеќе активности со кој беше одбележан големиот Христијански празник. Посетителите во комплексот имаа можност да уживаат во вкусните специјалитети, пријатниот, празничен амбиент и прекрасниот панорамски поглед надополнети со звуците на традиционалната македонска музика. Љубителите на домашно приготвените десерти можеа да дегустираат и купат традиционални слатки и милиброд, а во склоп на отворениот базар се продаваа и велигденски и пролетни декорации за домот.

Во манастирот „Св. Пантелејмон“, кој се наоѓа во непосредна близина на комплексот Македонско село, беше оддржана и света литургија по повод одбележувањето на Христосовото Воскресение.