Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Македонско село се претстави на Саемот за туризам „Скопје травел маркет 2017“

Од 06.04 до 08.04.2017 на Скопскиот саем беше оддржан 7-от саем за туризам „Скопје травел маркет“. Пред самиот почеток на летната сезона „Скопје травел маркет“ саемот им прикажа на посетителите различни идеи за патување и им овозможи да се запознаат со бројни туристички понуди и други можности од сферата на туризмот.

На саемот беа претставени повеќе туристички агенции, хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, авиокомпании, занаетчиски комори, како и винарски визби.
Комплексот Македонско село, за прв пат, беше еден од учесниците на „Скопје травел маркет“.
Посетителите на штандот на Македонското село добија можност да го почуствуваат традиционалниот дух и топлата автентична атмосфера на селото, која беше доловена преку креативниот дизајн на изложбениот простор, декориран со уникатен мебел во македонски етно стил, надополнет со украси и накит изработени од сребро, грнчарски предмети, исткаени килими и други рачно изработени творби, а антиквитетите и традиционални предмети, користени од нашите предци во минатото допринесоа за целокупниот автентичен изглед на просторот.