fbpx
Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

ПРОЛЕТЕН ВИНО ФЕСТ во Македонско село

Уникатните ароми и незаборавен вкус на виното, долгата и богата винска историја на нашата земја  и вечната љубов кон овој пијалок веќе неколку години се нашиот главен мотив за организирање на фестивали на виното во комплексот Македонско село. Желбата да им овозможиме на нашите гости и страствени љубители на виното да уживаат во секоја голтка, повеќе од еднаш во годината, не поттикна да организираме уште еден фестивал на виното, и во пролет.

Толку затоа, од 20-ти до 22-ри Април, беше организиран Пролетен вино фест во комплексот Македонско село. На отворената тераса од ресторанот Македонски Ан, во традиционалниот амбиент на комплексот, помеѓу зелената природа, чистиот воздух и густа шума на планината Водно, гостите имаа можност по трет пат да уживаат во врвните вина од најдобрите винарии, вкусните традиционални специјалитети и деликатеси и да се забавуваат со песните изведени од познати музички имиња.

Како дел од пејачите и групите кои беа дел од музичката фестивалска програма беа Каролина Гочева, Фолтин, Бени и Нон Стоп, Миле Кузмановски, Контраплан, Попарт бенд, Чардаш, Ѓезме и др.

Меѓу винариите од Македонија кои овојпат ги претставија своите најпознати и најнаградувани вина на присутните гости се Тиквеш, Камник, Бовин, Стоби, Сопо , Сковин и Лозар.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од прекрасната забава и атмосфера на Пролетниот Вино Фест за време на трите фестивалски денови.