Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Национален ден на Франција во Македонско село

На 14-ти Јули во комплексот Македонско село беше прославен националниот ден на Република Франција. Повеќе од 400 гости и соработници на Француската Амбасада во Македонија, меѓу кои беа и голем број на претставници на македонските власти и на дипломатскиот кор, добија уникатна можност да уживаат во прекрасниот амбиент на комплексот и вкусните француски специјалитети и вина.