fbpx
Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Етно Барот повторно отворен!

На 17-ти Март повторно беше отворен Етно барот во Комплексот Македоснко село.
По повод официјалното започнување со работа на барот, беше организирана и дневна забава на која гостите во комплексот, имаа можност за прв пат да ги дегустираат највкусните бургери, деликатесни мезињa, тестенини, слатки задоволства и други вкусни јадења од новото мени на Етно барот и да наздрават со новите пијалоци и коктели. Позитивната атмосфера ја надополни и музиката на Филип Јорданов & The Band.

Отсега, на само неколку километри од градскиот метеж, посетителите на комплексот Македонско село, ќе имаат можност повторно да го испијат своето кафе со панорамски поглед кон градот од терасата на Етно барот, да наздрават со пријателите со омилениот пијалок од големиот избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и да вкусат многу специјалитети од новото збогатено мени на барот.