Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Дневна новогодишна забава во Македонско село

Во комплексот македонско село, на 31 декември се случи најдобрата дневна новогодишна забава. Забавата беше организирана на чардакот на ресторанот Македонски Ан со почеток од 12:00 часот.
За време на дневната забава, гостите имаа можност да наздрават со своето друштво во прекрасниот празничен амбиен на комплексот, надополнет со одлична музичка програма на Boris & The Band и DJ Darko и да уживаат во деликатесното мезе и традиционалните специјалитети, по кои е познато Македонското село.