Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Денови посветени на жената

Од 03.03 до12.03 во комплексот Македонсо село беше организиран настанот „Денови посветени на жената“. По тој повод, во ресторанот „Македонски Ан“ гостите можеа да уживаат во специјално избраното мени на вкусни специјалитети со одлични цени и квалитетни македонски вина.

Деновите беа исполнети со разновидни активности во кои можеше да се вклучи секој посетител. Возрасните имаа можност да уживаат во староградската, чардаш музика, да присуствуваат на промоцијата на книгата на Катерина Ангеловска „333 Афримации„ и да купат подароци за нивните најблиски од осмомартовскиот базар кој беше отворен во склоп на настанот.
За најмалите беше организирана детска креативна работилница каде што се учеа нови вештини и се изработуваа осмомартовски подароци, а заедно со младите музички таленти од Златното славејче, децата ги испеаа најпознатите детски хитови и рефрени посветени на мајката.
Во месецот на жената, комплексот Македонско село беше идеалното место за сите оние кои посакаа да ја искажат својата благодарност и љубов кон најблиските кои заслужуваат повеќе од само зборови.