fbpx
Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Денови на жената повторно во Македонско село

Од 3-ти до 10-ти Март, во комплексот Македонско село се одбележи месецот на жената, каде по втор пат бea организирани „Денови на жената“.
За време на деновите, во прекрасната планинска природа и топла атмосфера на комплексот, посетителите уживаа во големиот број на активности надополнети со звуците на македонската музика.

Прекрасниот традиционален амбиент на ресторанот Македонски Ан беше совршено место за прослава на 8-ми март, каде гостите на уникатен начин им ја искажаа својата љубов и благодарност кон нивните најдраги, во друштво на вкусни специјалитети и пријатна музика на групата Компас бенд.

Во текот на отворените денови, за најмалите беа подготвени многу интересни содржини. Родителите и блиските им помогнаа на најмладите креативци во изработката на мартинки, честитки и други осмомартовски подароци, за време на нашата детска креативна работилница, која се организираше на 3-ти и 4-ти Март.

Дополнително, во склоп на грнчарската работилница во комлексот, гостите имаа можност да се запознаат со начинот на изработка на грнчарските производи, ги испробаа и подобрија своите вештини во боење и декорирање и беа изработени уникатени подароци со многу љубов и внимание.

Од осмомартовскиот базар, кој беше специјално отворен за време на деновите на жената, присутните гости подаруваа со љубов прекрасни предмети и книги кои ги купија како подарок за саканите.