Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Денови на виното и љубовта

Во месецот на виното и љубовта, Комплексот Македонско село беше местото за вистинско опуштање на сите сетила.Во периодот од 10-ти до 17-ти Февруари беше организиран настанот „Денови на вино и љубов” каде вистинските љубители на квалитетното вино добија неповторлива можност да уживаат во вкусот на најубавите македонски вина и специјалитети, пријатната музика и топлата атмосфера на комплексот.

Ресторанот Македонски Ан, за време на овие денови, на отворената тераса од ресторанот, ја спои врвната храна со квалитетно вино, врамени во прекрасниот амбиент на комплексот, надополнети со избрани музички ноти кои идеално се вклопуваат во живописната природа  и прекрасниот панорамски поглед. За комплетно уживање, понудата беше надополнета и со греано вино и греана ракија по традиционален рецепт.