Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Априлијада во Македонско село

1-ви Април, денот на смеата и шегата, познат како Априлијада, беше одбележан во прекрасниот планински, традиционален амбиент на Комплексот Македонско Село.

Најмладите и нивните родители, имаа можност да ги презентираат своите маски и рачно изработени креации за време на натпреварот за избор на најдобра маска, кој беше оддржан на платформата пред ресторанот Македонски Ан, по повод највеселиот детски празник.
Посетителите и учесниците во манифестацијата беа забавувани од Златните славејчиња, кои ги испеаа своите хитови.
На крајот на манифестацијата, најдобрите три маски беа  избрани од стана на жирито и истите беа наградени. Првоаприлската забава ја посетија и ликовите од Животинското царство на Краш и мечето Барни, кои ја забавуваа публиката.