fbpx
Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Априлијада во Македонско село

И овој 1-ви Април, најдобрата првоаприлска забава беше организирана во комплексот Македонско село.

Во чистиот планински воздух и пријатната традиционална атмосфера на комплексот, најмладите и нивните родители, и овој први Април имаа можност да ги презентираат своите маски и рачно изработени креации за време на натпреварот за избор на најдобра маска, кој беше оддржан на платформата пред ресторанот Македонски Ан, со почеток од 12:30ч.

За време на манифестацијата, најмалите беа забавувани од Златните славејчиња, кои ги испеаа своите најголеми хитови и играа заедно со децата. Дополнително, се оддржуваше и детска креативна работилница во соработка со Едукативниот центар Сонце.
На крајот на манифестацијата, беа избрани најдобрите три маски и беа наградени со вредносни ваучери од Крш комерц.