Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Комплексот Македонско село се состои од вкупно 49 соби, кои се сместени во 12 различни куќи, автентично изградени според македонската градителска традиција од 19тиот и 20тиот век. Куќите се од различни географски подрачја на Македонија, и тоа: куќа од Битолско, куќа од Прилепско, куќа од Велешко, куќа од Струшко, галичка куќа, реканска куќа, Скопско Црногорска куќа, куќа од Кратовско, беровска куќа, куќа од Делчево, куќа од Кумановско и тетовска куќа. Комплексот е изграден исклучиво од дрво и природен камен, а собите се уредени со стилски избрани етно детали и природни материјали.

Сместување

НАСКОРО: Спа и Фитнес Центар