Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Политика на хотелот

• Пријавување на гости во собите по 14 часот
• Одјавување од собите е најдоцна до 12:00 часот
• Дозволен влез на миленичиња во хотелот
• Согласно Законот за заштита од пушење, забрането е пушење во јавните простории и собите за сместување во Комплексот Македонско село.
• Плаќање може да се врши со следниве кредитни картички: Visa, Mastercard, Maestro, Diners, American Express.

Наведените цени кои се прикажани на веб-страната се однесуваат за соба по ноќ со вклучен ДДВ , туристичка такса се наплаќа ( 0,65 евро по лице по ден ) и осигурување ( 10 ден. по лице по ден ).

Наведените цени и податоцие се точни во времето на објавување и се предмет на промена без најава .

Направената резервација се откажува согласно политиката за откажување .

Политика на безбедност

Хотелот ги поседува сите сертификати и тестови како и за:

• Систем за ПП
• План за евакуација
• Систем за вентилација ( греење и ладење )
• Електрична инсталација

Политика на откажување на резервација

• Во случај на откажување на резервација повеќе од 72 часа пред денот на пристигнување не се наплаќа надомест.
• Во случај на откажување на резервација во период од 48 до 72 часа пред денот на пристигнување на гостите се наплаќа, 30% од вкупните трошоци.
• Во случај на откажување на резервација во период од 24 до 48 часа пред денот на пристигнување се наплаќа, 50% од вкупните трошоци.
• Во случај на откажување на резервација во период од 0 до 24 часа пред денот на пристигнување се наплаќа, 70% од вкупните трошоци.
• Во случај на откажување ( не појавување ), се наплаќа целосната сума, 100% целосната сума за престој.

Време на пристигнување : 14 Часот ( пладне )

Политика на приватност

Приватноста е најбитна за нашите гости , па оттука , Хотелот Македонско село во политиката за приватност ја објаснува нашата практика во однос на личните податоци кои ги бараме кога ќе го посетите нашиот хотел , ресторан , бар ,веб – страна, спа и кога ќе пополните формулар.

Ние од вас бараме да го прочитате овој документ со внимание пред да ги споделите вашите лични информации со нас .

При посетата на веб-страната , претпоставуваме дека ги прифаќате нашите правила опишани во овој документ.

Овој документ ги опфаќа следниве области кои се однесуваат на податоците дадени од Ваша страна:

• Лични информации собрани од Хотелот Македонско село од своите гости.
• Како Хотелот Македонско село ги користи личните податоци собрани од своите гости .
• Како Хотелот Македонско село ги споделува личните податоци собрани од своите гости со трети лица.
• Колку долго Хотелот Македонско село ги чува вашите лични податоци.
• Измени во Политиката за приватност
• Контакт за било какво појаснување

Лични податоци собрани од Хотелот Македонско село

Постојат голем број на ситуации во кои вашите лични податоци може да бидат побарани од страна на Хотелот Македонско село за да бидете услужени подобро . Во различни ситуации со нашите гости , ние може да ги побараме следниве лични податоци, вклучувајќи , но не ограничувајќи се на : вашето име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон , дата на раѓање , назив на вашата работна позиција и адреса на фирма , име на брачниот другар или партнер, кредитна картичка која го вклучува трицифрениот код кој се наоѓа на задната страна од вашите кредитни картички , термините и цените на пристигнување и заминување на гостите од нашиот Хотел , вашата историја на трансакции во нашиот хотел , одобрување од Ваша страна за податоците да се споделат со трета страна . Ние, исто така може да побараме податоци за гости кои ќе претстојуваат со вас, вклучувајќи име , презиме и податоци за контакт .

Покрај ова , ние исто така може да ги побараме и следниве податоци :
• Кога ќе го пополнувате формуларот ( онлајн или во печатена форма ) , го потврдувате своето присуство. Некои информации можат да вклучат детали во врска со Вашата здравствена состојба.
• Корисничко име и лозинка избрани од Ваша страна кога ќе се регистрирате на нашата веб страна.
• Ако изберете да резервирате соба онлајн бележиме датуми на вашето пристигнување и заминување, бројот на гости во групата, детали за соба, за гости и тарифни информации.
• Кога ќе не исконтактирате со ваши прашања или коментари.
• Ние нема намерно да земеме лични податоци од лица на возраст под 18 години. Како родител или законски старател, ве молиме да не им се овозможува на децата да доставуваат лични информации без ваша дозвола.