Резервација во ресторани: +389 72 220 600 info@macedonianvillage.mk EN

Низ вековната традиција на старите занаети и култура на живеење..

Во духот на старите времиња, комплексот Македонско село нуди уникатна можност да доживеете неповторливо искуство и одблизу да се запознаете со традиционалните македонски занаети. Како надополнување на етно амбиентот, во комплексот се отворени кујунџиска работилница, грнчарска работилница и ткајачница кои се најкарактеристични занаети за нашето поднебје.

Кујунџиската работилница нуди уникатно искуство и можност да погледнете голем број на традиционални предмети и украси изработени од сребро. Овие предмети се достапни за продажба и се совршен подарок за вашите блиски.

Грнчарството е нераскинлив дел од традицијата на нашата земја, традиционален занает што успеал да преживее со векови. Во грнчарската работилница имате можност облизу да се запознаете со процесот на изработка на грнчарски предмети, како и да погледнете голем број на готови сувенири изработени од глина кои се достапни за продажба.

Ткајачницата е вистински репрезент за македонската култура и традиција. Запознајте се со традиционалните македонски бои, форми, черги и килими и дозволете си да се воодушевите од вештината на ткаење килими на разбој.

Вистинскиот вкус на Македонија не би бил целосен без македонското вино. Сите страсни љубители на чаша добро вино во винарската визба на “Македонско село” ќе имаат можност да ги дегустираат, купат и научат нешто повеќе за најубавите вина од различни краеви на Македонија кои се надалеку познати по својот врвен квалитет.

Во рамките на комплексот Македонско Село постои и мал Етнолошки Музеј . Во него е уредена етнолошка поставка, која вистински ја доловува традиционалната култура низ неколку сегменти: народни носии, народен вез, народни ткаеници и алатки за преработка на текстилни суровини и покуќнински текстил.